интернира (св. и несв.)
Селото го запалија. Стрелаа. Интернираа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Некои се интернирани, а некои поради одминати години седат дома, многу работат ангарија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ги интернирале од некаде ваму и пусто прават.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Животот му продолжи во парадокси: спасувајќи се од италијанскиот фашизам на Татко му преостануваше единствената можност за спас, ноќе да ја мине границата преку Езерото, или да биде интерниран во италијанскиот логор Порто Романо.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Со цел уништување на комунистите, окупаторот ликвидира и интернира голем број антифашисти.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тој во одговорот не покажуваше никакво посебно интересирање во врска со овие нешта, но сепак спомна дека имал чуено оти татко му на дедо Стефан се викал Митре и дека бил имотен, бидејќи, како што пишуваше, неговиот татко и, особено, дедо му, биле уште позафатени.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Штом сакаат да нè интернираат барем нека нè остават во Грција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Петровски беше исто студент, но не ги продолжи студиите, го зедоа право в затвор, а после го интернираа некаде во Бугарија.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Пак залудно. Германците го одбиваат неговиот официјален предлогот, солунските Евреи да бидат интернирани на некој од грчките острови под надлежност и одговорност на самите грчки власти... И сега што?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)